Денеска од страна на Отсекот за превенција при СВР Охрид во соработка со ИПА Охрид и РСБСП, на подрачјето на Охрид и Струга преку превентивно едукативни активности, беше одбележан денот на жената – 8-ми Март.
Притоа, на учесничките во сообраќајот им беа поделени цвеќиња и печатени материјали со информативни содржини почнувајќи од правилото за користење на сигурносен појас, потоа почитување на пропишаната брзина, не користење на мобилен телефон додека се управува моторно возило, како и “не“ за управување на моторно возило под дејство на алкохол, велат од СВР Охрид.
OhridNews