Независниот кандидат Гоце Цветкоски го оствари своето право на глас во ИМ 1313 во Подмолје од каде порача дека очекува победа и масовна поддршка од охриѓани.

Цветкоски вети транспарентност во работењето на Општината.

Очекувам победа и дека луѓето се вразумија во овие 35 години дека не можат да гласаат се за истите и да очекуваат нови поинакви резулатите со истите луѓе. Се надевам разумот ќе преовладее и охриѓани ќе излезат во масовен број да ми дадат поддршка и да почнеме да работиме на демократски-транспарентен начин во Охрид. Охриѓани може да очекуваат радикална транспарентност во работење на Општината. Ќе веб страна каде ќе се гледа влез и излез на средства во Општината и секако ревизија. Да очекуваат дека ќе го смениме водоводот да не пиеме повеќе вода од азбестни цевки, рече Цветкоски.

Н.С.Ј.

видео/фото. А. Момироска