Општина Охрид традиционално и годинава во рамки на одбележувањето на 5 – ти Јуни – Светскиот ден на животната средина, ќе го реализира проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид“.

Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 400 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на следните улици: Кеј „Македонија“, „Илинденска“, „Коста Абраш“, „Кузман Капидан“, „Христо Узунов“, „Климентов Универзитет“, „Нада Филева“, „Боро Шајн“, „Григор Прличев“, „Кочо Рацин“, „Св. Кирил и Методи“, „Браќа Миладиновци“, „Цар Самоил“, „Методи Патче“, „Петар Чауле“, „Аргир Маринчев“, „11-ти октомври“, „Димче Маленко“, „Бранко Шотра“и „Охридска архиепископија“. Акцијата ќе се реализира на 04 јуни (среда) и 05 јуни(четврток) 2025 год, информираат од Општина Охрид.

Граѓаните од гореспоменатите улици, посочуваат, кои се заинтересирани за жардинери со цвеќе, истото ќе можат да го подигнат во расадникот на ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид на 04 јуни (среда) и 05 јуни (четврток) 2025 година, од 9 до 13 часот, а со себе треба да носат копија од лични документи (лична карта или пасош) за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење.

OhridNews