Општина Охрид традиционално и годинава во рамки на одбележувањето на 5 – ти Јуни – Светскиот ден на животната средина, ќе го реализира проектот „ Цветни балкони – Цветен Охрид “.

Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 400 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на улиците “АСНОМ“, “Јане Сандански“, „Никола Карев“, “Сирма Војвода“, “Карпош Војвода“, “Галичица“, “Ванчо Питошески“, “8-ми Септември“, “Мирче Ацев“ и “Лазо Трпоски“. Акцијата ќе се реализира на 05(понеделник) и 06 јуни(вторник) 2023 год, информираат од Општина Охрид.

Граѓаните од гореспоменатите улици кои се заинтересирани за жардинери со цвеќе, истото ќе можат да го подигнат во расадникот на ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид на 05 јуни (понеделник) и 06 јуни (вторник) 2023 година, од 9 до 13 часот, а со себе да носат копија од лични документи (лична карта или пасош) за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење.

OhridNews