Рекреативните и спортските риболовци од Охрид одржаа средба со кандидатот за градоначалник од ВМРО- ДПМНЕ, д-р Никола Бакрачески, кој имаше можност да се запознае со проблемите со кои се соочуваат рекреативните риболовци, пренесувајќи ги своите видувања околу можните решенија, пред се насочени кон омасовување на рекреативниот риболов, постигнување на врвни резултати на спортски план, заштита на рибниот фонд и развивање на рибниот туризам како дел од алтернативниот туризам.

– Охридското Езеро, како голем хидропотенцијал заедно со сливот на Охридското Езеро, е идеален за развој на рибарството и има посебно место во програмата за претстојните локални избори, рече  д-р Бакрачевски, кој нагласи дека неговите корени потекнуваат од рибарска фамилија и дека со поголем дел од проблемите во рибарството е запознаен и дека ќе помогне со иницијативи кои се под надлежност на локалната самоуправа, а за оние за кои е надлежна централната власт ќе се заложи за посредување за да се надминат сите проблеми и нејаснотии од областа на рибарството. При тоа, тој понуди и некои директни решенија кои со заедничка соработка и подобра комуникација ќе значат решавање на проблемите.

– Како рекреативни и спортски риболовци од Охрид изразуваме големо задоволство затоа што за прв пат рибарството е составен дел од изборната програма на еден кандидат за градоначалник и на таква програма сме подготвени да дадеме поддршка. Риболовот и рибарските манифестации во иднина може уште повеќе да напредуват и да станат охридски бренд и директно да допринесат за развој на туризмот, а Охрид постепено од локален да прерасне во балканска и европска позната риболовна дестинација, велат од Спортско- риболовниот клуб „Св. Апостол Петар“.

 
OhridNews