Со претставување на кандидатите за членови на советот од ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, кандидатот за градоначалник д- р Никола Бакрачески, денес, го означи почетокот на изборната кампања со која, како што рече, ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата ќе ја понесат победата .

– Чест и задоволство ми е што покрај мене се наоѓа група на кандидати за советници за која верувам и сум цврсто убеден дека се најдобриот тим,   било кога назначен во историјата на Охрид, изјави д- р Бакрачески.


Тој изрази надеж за мирна и достоинствена кампања, која ќе се одвива во фер и демократски услови.

– Избори кои се клучна детерминанта за развојот на Охрид, кои ќе покажат што ние можеме, сакаме да бидеме и ќе бидеме. Во текот на Локалните избори ќе дојде до судир на два дијаметрално спротивни концепта. Едниот концепт, она што го видовте изминатите 8 години- концепт на безнадежност, безперспективност, концепт на лажни ветувања и обвинувања и на излитени фрази и потрошени догми. Другата, на ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата е концепт  на јасна визија, точно утврдени програмски цели и задачи и концепт кој недвосмислено ќе покаже како се сака градот, рече кандидатот за градоначалник од ВМРО- ДПМНЕ.


Д- р Бакрачески потенцира дека охриѓани заслужуваат многу поинаков Охрид, Охрид заслужува подобра иднина, а иднината и светот го заслужуваат Охрид во сиот свој сјај.

– Тргнуваме во поход за Охрид, во поход за надеж и отворање на нов прозор на неограничени можности. Во поход со кој сакаме да ја преземеме одговорноста за неотпочнатите и незавршени работи, поход со кој ќе ја усовршиме нашата заедница и ќе ја градиме иднината на Охрид, рече Бакрачески.

Тој со порака до граѓаните да не потклекнуваат на закани, уцени и заплашувања, да излезат на избори и да ја прифатат и подржат програмата на ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата со која заедно ќе се гради Охрид.

Т. К.