Од 3- ти до 14-ти декември, како продолжение на соработката помеѓу министерството за здравство и Одделот за интерни болести при ЈЗУ Општа болница,во охридската болница, како визитинг професор престојува д- р Татјана Чапароска од областа пулмоалергологија од Клиниката за пуломоалергологија- Скопје.
Со овој проект се овозможува достапност на врвни експерти од областа на интерната медицина да бидат поблиску до охридските пациенти, а истовремено претставува можност за лекарите за нови искуства и заедничка соработка со лекарите од скопските клиники. Заинтересираните можат да закажат преглед секој ден од 9 до 13 часот на телефон 267267, локал 167.
Во рамки на соработката помеѓу ЈЗУ Општа болница и министерството за здравство, неодамна во одделението за интерни болести прегледи вршеше и проф. Марина Нада- реномиран ревматолог од клиниката за Ревматологија во Скопје.











