Д-р Драгана Чифлиганец, извршен директор на градежната компанија Адора Инженеринг е добитник на признанието „ ДАМА во градежништвото“, за посебен придонес во градежништвото и уривање на стереотипите, што за прв пат се додели на затворањето на Саемот за градежништво и недвижности 2014.

Драгана Чифлиганец која е потврда за постоењето на цврсти и силни жени во „машкиот градежен бизнис“ изјави дека нејзин приоритет е следењето и примената на светските стандарди и иновации во Македонија за квалитетно, сигурно, економично и здраво домување во изградбата на енергетски ефикасните домови по што е препознатлива Адора Инженеринг, како и општествената одговорност, на што е посветена компанијата.

Како млада личност, д-р Драгана Чифлиганец ги има поминато сите скалила на развој и практична едукација во високата градба, работејќи вредно, професионално и посветено во градежната компанија Адора Инженеринг, за што образовно се има едуцирано на реномираниот англиски универзитет Шефилд во Солун, Грција, а докторската титула од областа на управувањето со малите и средни претпријатијата во Македонија, ја стекна на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

Инаку, „Адора Инженеринг“ на 4-тиот меѓународен Саем на недвижности и инвестиции REALEXPO 2014, оствари рекордна продажба на станови.

„Многу сум задоволен од Саемот на недвижности 2014, на кој штандот на Адора Инженеринг го посетија илјадници посетители. За време на саемот продадовме 14 елитни висококвалитетни станови, а 20 заинтересирани купувачи ги очекуваме да потпишат договор за купување стан наскоро. Им благодарам на сите купувачи и посетители на штандот на Адора Инженеринг за довербата и ветувам дека ќе продолжиме со изградба на сигурни, енергетски ефикасни, долгорочно економични станови и во иднина“. – порача проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на Адора Инженеринг на затворањето на REALEXPO 2014.

Купувачите на стан од Адора Инженеринг на Саемот на недвижности 2014 освоија традиционално патување во светската туристичка атракција Дубаи, низа поволности и пригодни саемски подароци.

Заедно со останатите купувачи на стан од Адора Инженеринг во текот на 2014-та, купувачите на стан на саемот влегуваат во трка за добивање на вредната награда најнов модел автомобил ПОЛО, на извлекувањето на крајот од годинава.

OhridNews