Од Министерството за здравство денеска информираа дека изминатите денови се назначени 14 нови в.д. директори на јавни здравствени установи низ државата.

Горан Маркоски на Општа болница – Охрид, Ненси Лозанче на Клиничка болница – Битола, Амир Елези на Институт за трансфузиона медицина – Скопје, Стефан Трајановски на Општа болница – Куманово, Александар Бузалков на Општа болница – Велес, Стевче Цветановски на Психијатриска болница – Демир Хисар, Невена Маневска на Универзитетски институт за позитронско-емисиона томографија, Мухсин Арифи на Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје, Игорче Џиковски на Универзитетска клиника за торакална и васкуларна хирургија, Лазе Јовчевски на Универзитетска клиника за детска хирургија, наведуваат од Министерството за здравство.
Стојанче Петров е нов в.д. директор на Здравствен дом – Радовиш, Рената Пешиновска на Здравствен дом – Вевчани, Шпенди Амети на Центарот за јавно здравје – Тетово, а Горан Кузески на Центарот за јавно здравје – Прилеп.
Д-р Горан Маркоски доаѓа на местото на д-р Асен Шајн кој неодамна поднес оставка на функцијата која ја извршуваше изминатите две години. Како што наведе оставката ја поднел од лични причини.
OhridNews
фото. Архива











