Миле Д. Миќуновиќ, академик, доктор на медицински науки, професор, специјалист по урологија, експерт – рецензент, поет и публицист од Охрид избран за почесен член на меѓународната академија „Михаил Еминеску“ во Крајова, Романија.
Извршниот комитет на меѓународната академија „Михаил Еминеску“ му додели награда за перформативна медицина и медал „Михаил Еминеску“ за неговите заслуги во национална и глобална културна дејност.
Добитник е на многу награди и признанија, а се здобил и со титула: „Суверен принц од крстот на Розата, Витез на Орелот.“
Неговото животно мото е: „работи, заврши, објави“, а за оние кои сакаат критизерски да се однесуваат за делата, ги потсетува на познатата латинска поговорка: „Faciant meliora potentes“ („Оние што можат, нека направат подобро“).
Академик д-р Миќуновиќ е автор на 116 книги (со 30 215 страници во тираж од 49 330 егземплари). Објавил 443 научни и стручни трудови, 10 универзитетски книги, над 50 колумни во дневен печат и 105 популарни статии на веб порталот доктори.мк и публицитет.мк.
Редовен член е во Европската Академија за науки и уметност во Салцбург од областа на медицината.
Академик д-р Миле Д. Миќуновиќ докторирал на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Белград и се стекнал со титула „доктор на медицински науки“. Работел во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид. Бил вонреден професор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола по хирургија и полово образование.
OhridNews














