Д-р Небојша Баткоски е добитник на престижната награда WORLD BUSINESS LEADER, доделена во рамки на „THE BIZZ Awards 2026“, што од 24 до 27 август се одржа во Виена, Австрија, во организација на Светската конфедерација на бизниси – „WORLDCOB“.
Наградата му беше врачена на свечената церемонија како признание за неговото лидерство, визија и посветеност во развојот на Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ ( Dr. Batkoski Dental Center).
Во рамки на настанот, стоматолошкиот центар се стекна и со сертификат „EXCELLENCE IN BUSINESS MANAGEMENT“, за извонредност во управувањето и високите професионални стандарди.
„THE BIZZ Awards“ обединува компании, претприемачи и бизнис лидери од повеќе од 130 земји, а признанијата се доделуваат за деловна извонредност, лидерство, иновации и високи стандарди во работењето.
Од Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ посочуваат дека меѓународните признанија се потврда за долгогодишната работа и континуираниот развој на центарот, како и за вложувањата во нови технологии, современи методи на работа, професионална едукација и развој на тимот.
Наградата „WORLD BUSINESS LEADER“ и сертификатот „EXCELLENCE IN BUSINESS MANAGEMENT“ претставуваат уште едно меѓународно признание за Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ и неговата определба за развој на стоматологијата според високи професионални стандарди.
OhridNews















