Доцна вечерва, извршниот одбор на владеачката ВМРО-ДПМНЕ донел одлука на претстојните локални избори да го предложи доктор Владо Кочоски за кандидат за градоначалник, хирург во градска болница во Струга.

Одлуката, ВМРО-ДПМНЕ ја носи на еден ден пред истекот на законскиот рок предвиден за предлагање кандидат за градоначалник, кој истекува на 16-ти февруари.

За сега е неизвесно дали д-р Кочоски, кој се споменуваше како можна опција во политичките кругови во Струга, ќе биде и единствен кандидат Македонец на локалните избори што ќе се одржат на 24-ти март.

Се уште е неизвесно дали евентуално ќе биде пролонгиран рокот за пријава на кандидати за градоначалник и советници, опција која ја најави владината коалиција, односно дали ќе бидат пролонгирани и самите локални избори како што бара опозицијата.

OhridNews дознава дека оваа дилема, како и воопшто дилемата дали опозицијата ќе предложи свои кандидати за градоначалник и советници на претстојните локални избори, ќе биде  разрешена на денот на истекот на законскиот рок.

OhridNews