Заедничкиот кандидат за градоначалник на Струга на ВМРОД ПМНЕ и СДСМ, хирургот Владо Кочоски, најавува победа во вториот круг од локалните избори.

-Очекувам мирни избори без екцеси, и се надевам дека ќе завршат како што треба, односно фер. Сакам пред се  да им се заблагодарам на моите сограѓани за масовниот одзив и ги канам вечер на прослава за победата.-изјави Д-р Кочоски, кој утрово гласаше на избирачкото место 1849 во училиштето „Јосип Броз“ во Струга.

Доколку ја добие довербата од стружани, Кочоски вети квалитативни промени во градот.

-Во мојата програма зацртани се програми кои се издржани, а тоа што го имам ветено ќе го исполнам во четирите години од мојот мандат.-истакна Д-р Кочоски.

На гласачкото место кандидатот Владо Кочоски беше придружуван од семејството.

Г.М.