Создавањето на услови за развој на спортот и спортување на сите генерации и правилен физички развој преку изградба и реконсктрукција на спортски игралишта и базени ќе бидат приоритет во 4-годишната програма на кандидатот за градоначалјник на општина Струга Д-р Владо Кочоски. Тој денеска одржа през конференција крај руиниранираниот базен, кој некогаш беше гордост на градот.

-Денеска се наоѓаме пред руинираниот затворен базен во Струга, место каде до пред неколку години се одржуваа врвни натпреварувања. Од 2002 година базенот е во ваква состојба, а пливачите тренираат само во отворениот базен на лето. Во соработка со Владата на ова место сакаме да му го вратиме сјајот. Со тоа струшките пливачи и ватрерполисти повторно ќе бидат учесници на натпревари. Со самата реконструкција на затворениот пливачки базен ќе се создадат услови пливањето да се врати на патеките на кои беше пред неколку години.-изјаво Кочоски.

Тој најави изградба на едно повеќенаменско спортско игралиште, тениски терени, повеќенаменско изгралиште за спортови на песок, како и реализација на  проектот „Спортско лето-спорт за сите“, кој ќе се реализира во соработка со Агенцијата за спорт и млади.

Г.М.