Во пресрет на летниот период и високите температури кои се очекуваат во овој период, со заедничка иницијатива на Црвениот крст Охрид и Специјалната болница Филип Втори, планирани се едукативни предавања на тема Превенција од кардиоваскуларни заболувања како последица од високите температури.

Работилницата ќе ја реализира д-р Жан Митрев и неговиот тим од Специјалната болница Филип Втори, на 05.07.2011 година со почеток во 09:30 часот во просториите на Црвениот крст, на ул. Димитар Влахов.

Влезот е слободен за сите заинтересирани граѓани кои воедно ќе имаат можност да слушнат корисни информации поврзани со темата, а исто така да добијат и одговори на прашањата кои ги засегаат.

Со ваквите едукативни предвања, Црвениот крст Охрид придонесува кон превенција и едукација на широката популација на полето на кардиоваскуларните заболувања.

OhridNews