Со својот ангелски глас стана поп икона на денешницата, неговата популарност се прошири со огромна брзина и во времето кога требаше светот да чуе за него, неговиот млад живот згасна во кобното утро на 16 октомври 2007 година во тешка сообраќајна несреќа што се случи кај Нова Градишка – Хрватска.
Да беше жив Тоше денес ќе го славеше 31-от роденден.
По повод роденденот на нашата најголема музичка звезда Тоше Проески, група граѓани од Охрид денеска ќe го посети Крушево и вечното почивалиште на прерано починатиот пеач.
Посетата на Крушево ја организира здружението за Македонско -Српска соработка „Коста Абрашевиќ“, со поддршка на локалната самоуправа.