Јазиците се важни за  промовирање на културната разновидност, како и во борбата за намалување на  неписменоста, и за зачувување на знаењата на сопствените претци. Ова меѓу другото се наведува во пораката на генералниот директор на УНЕСКО Коичиро Мацура по повод 21 Февруари, Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

Јазиците претставуваат суштина за идентитетот на групи и поединци, и се стратешки фактор за напредокот кон оддржлив развој и претставуваат хармонична поврзаност меѓу глобалното и локалното, се вели во пораката на Мацура.

Тој апелира да се почитува важноста на јазичната разновидност и на повеќејазичност, особено во системот на образованието, во администрацијата и судството, во културниот израз, какои и во медиумите и во интернет комуникацијата.

Македонската Влада 2008 година ја прогласи за година на Македонскиот јазик. По тој повод ќе бидат испечатени над 100 тома вредни дела на македонски пистали, а ќе бидат организирани повеќе манифестации и кампањи.

ohridnews