Со цел да се соберат средства за лекувањена малиот Кирил Митрески, кој треба да биде подложен на скап третман во Израел, кој може да чини од 70 – 90.000 евра, вечерва со почеток во 20 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде организиран голем хуманитарен концерт.

На концертот ќе настапат Емилија Маринова, Горан Папаз и Филип Стојкоски – Зизи со нивниот музички проект „Smile, Dance, Love“, групата „Камелеон”, Ѓоко Танески и актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодоровски и Филип Кипровски. Цената на влезниците е 150 денари, а сите средства кои ќе бидат остварени од продажба на влезниците ќе бидат донирани на сметката за донации на Кирил.

Настанот е поддржан од OhridNews и медиумската заедница, а се очекува активно да се вклучат во него и невладините организации од градот. Собраните средства исто така ќе бидат донирани за спас на малиот Кирил.

OhridNews