Како што потенцираат од министерството, од страна на дел од медиумите, погрешно се протолкувани одредбите кои се дел од Правилникот за нормите и стандардите за домување во станбените згради, каде меѓу останатото стои и дека „во становите од станбената зграда не треба да се сушат алишта на места кои не се определени за таа намена“.
– Овој подзаконски акт е стапен во сила пред повеќе од две години, а пропишаните норми и стандарди за домување во станбените згради претставуваат препораки за функционирање и одржување на станбените згради, особено на заедничките делови. За неисполнување на овие препораки не се предвидени казни и санкции за граѓаните, туку истите се дадени исклучиво со цел да претставуваат упатство во одржувањето на станбената зграда и нејзиното подобро функционирање. Заедницата на сопственици на посебните делови или управителот на една станбена, односно нејзините жители можат да ги прифатат овие препораки и да ги применуваат или пак да не ги прифатат што е во зависност од самите нив, наведуваат од министерството за транспорт.