Супер интересна е завршницата на нaтпрварите по групи на ЕП во вaтeрполо кое се игра во Малага Шпанија.

По четири одиграни кола Македонската репрезентација забележа една победа, едно реми и претрпе два порази што ја става на четвртото место во Б групата.

Битката за влез во третото место кое води во четвртфиналето црвено-жолтите ќе ја бијат со Германија која по четирите кола има две победи и два порази.

Само победа ја води Македонија во раигрувањето. Натпреварот започнува во 11 часот(ТВ Пренос -Сител)


Супер дербито на колото се игра во нашата група,а влогот е првото место и диркетен пласман во полуфиналето. ВО дербито ќе играат првопласирната Италија и европскиот првак Србија.

ГРУПА Б

Италија 12
Србија 10
Германија 6
Македонија 4
Русија 1
Романија 1

Двојки петто коло: Германија – Македонија (11.00), Русија – Романија (12.30), Италија – Србија (19.30).

М.П.