“Гладијаторите“ вечерва во 19 часот ги очекува нова дерби средба во првата машка ракометна лига, во неосвоивата тврдина гостува најсериозниот кандидат за втората позиција на охриѓани, струмички Зомимак. Поразот од стружани во “езерското“ дерби е минато, а избраниците на Андоновски се пред мечот на сезоната.


Екипа од Струмица со скапите засилувањата кои ги доведе во своите редови е најдобрата екипа во нашата лига. Располага со многу квалитетни играчи на секоја позиција и во секој натпревар влегуваат како фаворити. Знаеме деке сериозно се подготвувале за натпреварот, дури гледале и видео снимки од нашите претходни натпревари. Но психолошката предност е на наша страна, за да не стигнат на табелата мора да не победат, а ние никогаш не губиме пред нашата публика – истакнуваат од клубот РК Охрид 2011.


Победникот во супер дербито Охрид 2011 и Зомимак ќе го решаваат нијанси, пред сериозен испит се сите ракометари, посебно охридската одбрана која на домашен терен е непробојна. 


– За нас ова исто така претставува значаен натпревар и ние се подготвуваме соодветно, наша најјака страна во натпреварот очекуваме да е одбраната за што имаме подготвено неколку тактички варијанти. Се надеваме дека повредата на еден од нашиот најдобари играчи Трифуновски, нема да го спречи да даде се од себе како и сите останати. Ветуваме  дека ќе играме до последниот атом од силите против посилниот противник – велат од клубот и додаваат. Ја повикуваме охридската јавност, во недела во 19:00 часот во што поголем број да дојде на натпреварот и со едно фер и коректно навивање заедно да се избориме за уште една победа за Охрид.


Присуство во голем број за мечот со струмичани најавуваат верните навивачи “рибари“ кои се вечна подршка на охридскиот состав.

Мх.П.