Во организација на Младинскиот Совет Охрид репризно ќе биде изведена драмската претстава ,,ДА СЕ ЧУДИШ“ во која играат ученици при драмската секција на средното училиште „Св. Климент Охридски“.

Претставата, која предизвика голем интерес, ќе се одигра во среда, во 20.00 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“.


Дел од средствата од претставата ќе бидат наменети за реализација на програмата на Младински Совет  за превенција „ДОБАР СОВЕТ ЗДРАВЈЕ ВРЕДИ“, а со дел од средствата ќе се помогне во напорите претставата да гостува во Белград, Србија.

OhridNews