Независниот екологист, Лазо Наумоски, смета дека ненаменското искористување на економските потенцијали од Охридското езеро го кочат економскиот, еколошки и туристички развој на сливното подрачје на езерото.

Шумски зелени појаси со површина од преку 50 илјади хектари, годишното произведство на 800.000 тони кислород  од шумските зелени појаси, условите за развој на алтернативниот туризам или таканаречен продолжен езерски туризам, се само дел од потенцијалите со кои според Наумоски располага сливното подрачје на Охридското езеро.

Во интерес на сочувувањето на високата економска вредност на Охридското Езеро неопходен е одговорен однос кон: организирана и целосна еколошка заштита на Охридското Езеро, заштита и унапредување на рибниот фонд, заштита и сочувување на шумските зелени појаси, како и одговорен еколошки однос при подигнувањето и изградбата на хотелските објекти на брегот на езерото, потенцира Наумоски.

Според него, доколку само неколку проценти од економската вредност на Охридското Езеро би се пренасочиле во вистинскиот правец би немало проблеми со нефункционирањето на колекторскиот систем, ЈП Проаква финансиски ќе се стабилизира и нема да посегнува по нивото на водите од Билјанини Извори, односно градскиот водовод би ја користел водата од самото езеро. При тоа, нема да дојде до загрозување на нивото на водите од мрестилиштето при Хидробиолошки завод од Охрид, а реката Сатеска многу побрзо би се пренасочила во нејзиното старо корито и со тоа еколошката деградација на Охридското Езеро со неговата обала би останало само минатото, а нивото на водата од Охридското Езеро стабилно би се одржувало на кота од 693,80 метри надморска висина.

Во интерес за реализација на ваквата иницијатива неминовно е да се формира совет од неколку угледни, почитувани и стручно докажани  интелектуалци од оваа проблематика кои би лобирале меѓу централната и локалната власт за што побрзо реализирање на ваквите еколошко заштитни и економско развојни иницијативи, смета Наумоски.

Тој додава дека локалните власти од Охрид неминовно е при подигнување и изградба на верски или културно историски споменици кои се од јавен, државен и локален интерес свесно се откаже од побарувањето на комуналниот надоместок од централната власт.

OhridNews