
-Да се издвојат средства за прилагодување, односно олеснување на пристапот на лицата со хендикеп до општинската сала, имајќи предвид дека има парови или пак некој од членовите на нивното најблиско семејство со хендикеп кои склучуваат граѓански брак, заради неприлагоденост на пристапот, овој свечен чин се прави во холот на општината или во нивните домови. – посочи советникот Блажески.
Предлогот беше надополнет со барање за прилагодување на пристапот и до наплатните пунктови од јавните претпријатија. Според Блажески во Буџетот има доволно средства за тоа и наместо за мегаломански проекти кои градската каса нема кондиција да ги издржи, потребно е средствата да се насочат кон реално остварливи проекти.
Тој побара да се омекнат и критериумите за субвенционирање на трошоци за комуналните услуги. Првиот предлог е да се избрише од предлог текстот – „заедничките примања да не надминуваат повеќе од 105.000 илјади денари“, туку овој износ да се однесува само за еден брачен другар. Вториот предлог, пак , беше дека доколку Буџетот нема кондиција за претходното, тогаш износот да биде формирам врз основа на законската минималната плата во државата.
Исто така беше предложено доколку оштината нема доволно средства да ги зголеми субвенциите, тогаш членовите на социјално загрозени семејства кои живеат со лица кои имаат повеќе од 70 проценти телесен инвалидитет или со некои други тешки заболувања, да имаат приоритет при конкурсите за работа во локалната самоуправа или јавните препријатија.
Овие предлози не го добија потребното мнозинство во советот.
Инаку фискалната стратегија и развојните програми за 2016 година, кои беа усвоена на последната седница на Советот на општина Охрид, се ставени на јавна расправа заклучно со 18.12.2015 година до 15 часот.
Во јавната расправа може да учествуваат заинтересирани граѓани,правни лица,институции, невладини и други организации и асоцијации.
Заинтересираните граѓани фискалната стратегија и развојните програми можат да ги видат на општинската веб страница.
OhridNews












