Сите угостителски објекти за сместување во Охрид на кои им е истечена важноста на Решението за извршена категоризација од страна на општина Охрид, треба да поднесат ново барање за утврдување на минимално-техничките услови и продолжување на решението за категоризација.

-Сите физички лица кои ги исполнуваат условите од Законот за Угостителска дејност односно изнајмуваат соби, апартмани, станови и куќи за одмор до 10 соби или 20 легла, а немаат решенија за категоризација или важноста на истите им е истечена, ќе може да се соочат соодветни мерки во согласоност со законот, објаснуваат од општина Охрид. 

Оттаму информираат дека барањата за продолжување на решенијата за категоризација се поднесуваат во Секторот за Туризам и Локален економски равој .

OhridNews