Од локалната самоуправа ги информираат граѓаните сопственици на пловни објекти–кајчина, кои се лоцирани на плажата Сараиште, веднаш истите да ги отстранат.

  • Доколку тоа не го направат во рок од три дена, локалната самоуправа ќе ги подигне, а трошоците ќе паднат на товар на сопствениците, се наведува во соопштението на локалната самоуправа.

Охриѓани и гостите претходно реагираа дека поради пловните објекти поставени насекаде воопшто не може да се користи просторот за одмор и сончање, за што пишуваше OhridNews.

Плажата „Сараиште“ беше средена 2015 година по налог на локалната самоуправа,  а на барање на жителите од стариот град. Делот од плажата наменет за сончање  доби нов песок, а беа поставени  и канти за отпадоци и  клупи за седење.

OhridNews