Дел од канделабрите во градот и понатаму се без капаци кои ги заштитуваат електричните инсталации, поради што претставуваат потенцијална опасност, особено за децата.
Вакви канделабри можат да се забележат и на градскиот кеј и парк, каде секојдневно се шетаат и рекреираат голем број деца. Родителите со апел до надлежните да преземат мерки и ги заштитат електричните инсталации за да не дојде до некој несакан инцидент.
OhridNews












