Поради ниските вечерни температури, од МЈП Проаква Водовод Охрид потсетуваат дека постои можност за разни дефекти на водомерите предизвикани од мрзнење. Поради тоа, потребно е истите да се заштитат како би се избегнале дополнителни трошоци за санација кои се наплаќаат од страна на претпријатието.

Заштитата се врши со обвивање на водомерот со изолационен покров и покривање на шахтата со изолационен материјал (тервол или стиропор).

OhridNews