Бразилскиот репрезентативец Даглас Коста во летниот преоден рок имал отворени понуди од Баерн Минхен и Челси, а тој го засили германскиот првак од Шахјтор за 30 милиони евра.


Причината за одбирањето на „баварците“ и одбивањето на „сините“ е можноста да работи со Пеп Гвардиола кој е најтрофеен стратег во последните десеттина години.

– Челси исто ме посакуваше и повеќе настојуваше да ме доведе од Баерн Минхен. Но, кога од Шахјтор ми кажаа за мојата продажба веднаш одлучив тоа да биде Баерн Минхен поради Пеп Гвардиола. Тогаш мислев дека повеќе можам да научам во Баерн Минхен отколку во Челси и се уште стојам цврсто на мојот избор. – изјави за Goal.com, Даглас Коста.

Тој во 12 мечеви за „баварците“ во Бундес лигата постигна два погодоци и седум пати успешно асистираше до своите соиграчи.

Ohridnews