Бразилскиот интернационалец во редовите на Баерн Минхен, Даглас Коста е на пат да го засили италијанскиот шампион Јувентус.

Фудбалерот ги договорил сите услови со „бјанконерите“, а останува уште двете екипи да најдат заеднички јазик околу трансферот.

Јувентус посакува позајмица па потоа откуп за 40 милиони евра, која се очекува да ја прифати германскиот првак.

Даглас Коста е дел од подготовките на Баерн Минхен, но деновиве тренирал одвоено од екипата што уште повеќе ги подгреа шпекулациите за преселба во Серија А.

Бразилецот составот на Баерн Минхен го засили од Шахјтор Доњецк.

OhridNews