Јувентус го продолжи притисокот над Наполи на врвот од табелата во Серија А, откако во последниот меч од 21-та рунда со минимални 1-0 ја совлада Џенова.
„Бјанконерите“ од неколкуте шанси пред голот на противниците искористија една во 16-та минута, кога Даглас Коста го совлада одличниот голман Матија Перин.
Со тактичка игра препознатлива за „старата дама“ избраниците на Масимилијано Алегри ја зачуваа минамалната предност и ја забележаа 17-та победа сезонава.
OhridNews