Како да беше вчера кога ја гледавме малата, белдолика русокоса Дакота Фенинг во детските улоги покрај актерските великани во „Ургентен центар“, „Моето име е Сем“, „Војна на световите“ или снажната улога покрај Дезнел Вашингтон во „Во жарот на осветата“. Времето тече, па Дакота пораснала и сега на големите екрани вожеме да ја видиме во вљубено и секси издание. Неодамна го снимила филмот „Многу добри девојки“, во која игра една од две најдобри другарки, решени да ја изгубат невиноста по завршувањето на средното училиште.
Како и во секој тинејџерски филм, проблемите ќе настанат кога двете ќе се вљубат во сито момче. За потребите на филмот во една сцена таа се соблекла потполно гола, за што рекла дека едвај ја убедиле да го стори тоа, но иако била чувствителна работа, сепак била дел од животот. Нејзиниот партнер во љубовната сцена, Бојт Холбурк, рекол дека во животот не тече се како мед и млеко, туку и дека има незгодни моменти како овој.