Најуспешниот тим во досегашниот тек од НБА лигата Далас Маверикс ја демолира Атланта 110-87 и ја забележа 20-та последователна победа.Со оваа победа Далас стана првата екипа во НБА историјата која во една сезона направи три последовни низи од 12 победи.

Дирк Новицки ги предводеше Маверикси со 27 поени и 7 скока , Џејсон Тери постигна 21 , а Џош Хауард 20 поени.

Далас сега има 47 победи и 9 порази , второпласираната екипа во лигата Феникс заостанува четири победи.


Серијата победи ја продолжи и поранешниот шампион Сан Антонио.Шестата последовна победа Мамузите ја забележаа против Торонто 107-91.

Кармело Ентони со 33 поени беше најзаслужен што Денвер ја прекина серијата порази против Мемфис 111-107.

Филаделфија го совлада Сакраменто 89-82 , центарот на гостите Даламберт постигна 20 поени на кои им придидаде 17 скока.

Во источното дерби Њујорк победи во Мајами 99-93 , Еди кари ги предводеше Никси со 28 поени , Шекил ОжНил на 20-те поени имаше 3 скока!

Л.А.Лејкерси благодарение на Коби Брајант(35 поени) победија во Солт Лејк против Јута 102-94 , додека некогаш славниот Бостон само 14-та победа во сезоната ја забележа во Хјустон 77-72.

Орландо победи во Чикаго 94-87 во натпревар во кој бекот на Биковите Бен Гордон постигна 32 коша.