Поранешниот фудбалер на Охрид 2004, Александар Далчески и екипата на Металург ги започнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната.

По шест месечната позајмица во Напредок во тимот од “Автокоманда“ се врати напаѓачот Марко Симоновски додека единствено засилување за “металурзите“ е стоперот Ристе Митревски од Тетекс.

Новиот тренер Срѓан Захариевски на стартот од подготовките неможе да смета на голманот Павловиќ кој е пред трансфер во Вардар. Есенската полусезона Металург ја заврши на делба на третата позиција со екипата на Напредок.

Мх.П.