Повеќе од една деценија, традиција во Охрид беше да се избира кум за Водици. Оваа година тоа нема да биде случај откако здружението Богојавление, кое избираше кум на манифестацијата, организацијата на настанот ја препушти на црквата. Општината формира организационен одбор кој ќе ги организира активностите околу Водици. Дали празнувањето на Водици во Охрид треба да има кум? – беше прашањето на анкетата што деновиве ја спроведе OhridNews:
Изминатите години кумови на Водици во Охрид беа видни граѓани, стопанственици, угостители, туристички работници и познати личности. Дел од нив не беа од Охрид, што предизвика различни реакции во јавноста. Традиционално кумовите го даруваа фаќачот на крстот и беа дел од свеченостите за збогатување на одбележувањето на големиот верски празник. Кумот на Водици од 2012 година Ванчо Чифлиганец на Охрид му подари споменик „Фаќач на крст“ кој го симбилизира празнувањето на Водици.
Годинава празнувањето ќе се одвива согласно црковните обичаи, без кум на Водици, но со сите други елементи кои беа воведени изминатите години, што приодонесе за промоција на оваа верска манифестација и Охрид, како во земјата, така и надвор од неа.
OhridNews
Следно анкетно прашање: Како ќе заврши натпреварот од ЕП помеѓу Македонија и Србија?