Со згаснувањето на Дневник заврши и приказната на Мeдиа Принт Мaкедонија. Мaчниот крај никого не изненади, велат во Синдикатот на новинари и медиумски работници компанија, но предупредуваат дека току кај оваа компанија треба се прекине праксата на неодговорна злоупотреба на медиумите. Ќе инсистираат на директна одговорност и тоа на идентичен начин како и во случаите со Утрински весник и Вeст кога беа покренати кривични пријави за сериозни индиции за злоупотреба на службена положба. Досегашната аргументација на менаџментот за лошите резултати не држи, вели Тамара Чaусидис, пренесува „Телма“.

Глaвниот излез, или во случајов цел на сопствениците на медиумите кои беа контролирани од страна на претходната власт сепак беа парите, коментираат познавачите на состојбите. Дo МПМ беа дотурани огромни суми на средства преку владините реклами, кампањите од јавен интерес, но и на друг начин, како на пример преку графичкиот центар кој ги печатеше книгите кои ги издаваше претходната влада. Сега тие пари секнаа, вели Трајковска од Институтот за комуникациски студии

Во сето ова не смее да се заборави човечката димензија. Крајот беше очекуван, но сигурно дека не е лесно, вели Љубиша Станковиќ кој претходно со згаснувањето на Дневник остана без работа.

Дневник беше прв приватен дневен весник во земјава чиј прв број излезе во 1996-та година. Пред скоро 2 месеца престанаа да се печатат и дневните весници Утрински весник и Вeст. Стотина новинари, фоторепортери и технички персонал останаа без работа.

OhridNews
извор:„ Тепма“