Според германските медиуми Рос Браун (технички директор на Бенетон, на Ферари и ментор на Михаел Шумахер, сопственик на Броун Расинг и шеф на Мерцедес), е на чекор да го замени Берни Еклстон, супремото на F1, на челната позиција на FOM.
Ауто Билд тврди дека екс шефот на на Ферари е при крај со процедурата да го замени Берни. Рос на крајот на 2013 година ја напушти формула 1, но бидејќи Формула 1 го промени сопственикот, прв пик според Либерти Медија за местото претседател на FOM e токму Рос Браун.
Либерти тврди дека двете страни веќе го имаат потпишано договорт само се чека одобрување од FIA. Од друга страна Браун и Жан Тод (претседател на FIA) долги години се во добар однос и заедно беа градителите на најуспешната ера на Ферари додека за италијанскиот тим возеше седумкратниот светски првак Михале Шумахер.
OhridNews