Дали охридските домаќинки користат „запршка“ во јадењата?
22.11.12 07:45
Се подинамичниот начин на живот ги натера луѓето, традиционалната трпеза да ја заменат со брзата храна или со готовите прехранбени производи. Овој брзорастечки тренд кој зема се поголем замав во европските земји, не ги одмина ниту граѓаните во државава. Генерациите кои доаѓаат не се ниту запознаени со македонската традиционална кујна, а „запршката“ е веќе одамна заборавена. Иако мислењата на експертите и граѓаните се поделени околу „запршката“, докторите во изминатиов период апелираат да се избегнува овој додаток во приготвената храна.
Сепак, охридските домаќинки од постарата генерација не кријат дека во приготвувањето на домашните манџи, како додаток ја вклучуваат и запршката. „Најчесто ја користам класичната запршка, претежно во гравот. Научени сме на тој специфичен вкус што се добива токму од овој додаток. “ – вели баба Нада.
Други сметаат дека, иако докторите им препорачале да не го користат овој „ритуал“ во јадењата, неколку пати месечно нема да им наштети. „Неколку пати месечно варам леќа и грав. Без запршка јадењето не ми е по кеиф. Докторите велат да не ја користиме, но сепак еднаш неделно нема да ни пречи. Читаме по весници дека оваа работа не е добра за здравјето, но што е со јајцата и пиперките кои се пржат во големи количини на масло. За хамбургерите и помфритот немам ниту коментар“ – вели тетка Стојанка.
Докторите и дел од експертите сугерираат да се избегнува ставање на пржено масло во веќе сварена храна. Според нив, запрженото масло е штетно за организмот, а наместо тоа за згуснување на јадењата подобро е да се користи зеленчук. Исто така, проблеми можат да се јават и во системот за варење на храната проследени со тешкотии и тегоби во стомакот.
Инаку, традиционалната запршка претставува запржување на брашно и црвен пипер во масло, како додаток за згуснување и вкус во манџите.
Денес, 14 октомври, во 14 часот, во Охрид мол ќе биде отворен првиот SPAR маркет во Охрид Со новото продажно место, меѓународниот трговски бренд ја продолжува својата експанзија во Македонија, каде...
ЈП „Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 16102026 год(петок) ќе организира акција за подигнување кабаст и зелен отпад од УЗ3 и УЗ4: населби Кошишта, Воска и...
Актерите од Охридскиот театар, Стрезо Стаматовски, Филип Кипровски и Никола Тодороски, потпомогнати од Филип Ангеличин – Жура и Никола Јосифоски со уште една „Импровокација“ Октомвриското издание ќ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.