Доколку целиот ден го поминувате на плажа,а притоа не сте ги мачкале усните со крем, вашите усни се стеснуваат и стануваат осетливи на солена храна, тоа е знак дека тие изгореле.


Како и останатиот дел од телото вашите усни треба да се заштитат, а за тоа може да се погрижат само лабелата за усни кои имаат заштитен фактор. Лабелата кои имаат ознака СПФ 15, ќе ги заштитат вашите усни барем на одреден период во текот на денот, но дерматолозите најчесто препопрачуваат да ги користите со фактор 30 и 50.

Лабелото треба да се нанесува што почесто, со што вашите усни ќе останат заштитени, меки и хидрирани во текот на целиот ден.