Екипата на Охрид во претпоследното коло од шампионатот на домашен терен ја пречекува екипата на Беласица. Популарните “кенгури“ кои во пресрет на мечот се наоѓаат на шестатта позиција на тебелата со заостанување од  седим бода се` во центарот на вниманието поради наводните обиди за лажирање на натпревари.


Првата ваква изјава дојде од секретарот на струшки Влазними, Илир Бектеши, кој во изјава за “Македонски Спорт“ рече дека се било договорено мечот да биде “пуштен“ но во последен момент струмичани откажале. Бектеши тогаш велеше дека тие се сомневаат дека дел од раководството на струмичани им “влегло“ во играчите. Мечот со Влазними беше прекинат на полувремето при резултат 1-0 за гостите поради нападот над главниот судија.

Две рунди подоцна , струмичани повторно се на тапет, откако претседателот на Цементарница, Драган Томовски во официјалниот записник од мечот изјавил дека реководството на “кенгурите“ барало од нив за одреден надомест да не се залагаат на мечот. Таквата понуда цементарците ја отфрлиле и ја совладаа Беласица со 1-0.


Охрид в недела го очекува мошне значаен меч против Беласица, со победа остануваат во трката за освојување на титулата есенски првак. Во пресрет на неделниот меч, претпоследен во есенскиот дел, по сите случувања околу Беласица, отворено е прашањето дали треба Охрид да стравува од нефудбалските игри ?

М.П.