Денеска во С.О.С.У. „Св.Кирил и Методиј“- економско училиште Охрид беа одржани четири интерактивни работилници со  80 ученици од училиштето.

Целта на работилниците беше да се мотивираат младите да ги видат потенцијалите на Македонија и можностите за себереализација и создавање бизниси во сопствената татковина. Иницијатор на активноста беше проф. Катерина Симјаноска, а истата беше реализирана со поддршка од директорката Славица Костоска.

Оваа активност е дел од проектот „Младинска информираност “ што се реализира во соработка со Националниот Младински Совет на Македонија преку програмата на УСАИД.  
Поради покажаниот интерес во иднина се планирани повеќе работилници на оваа и на други теми од интерес на младите средношколци.

OhridNews