Господинот Петрит Хусеин е најодговорен што Египќаните и на овие локални избори немаат свој претставник, етнички Египќанец, во  советот  на Општина Охрид . Тој доживеа класичен пораз на овие избори, а што е уште потрагично, ги доведе во заблуда Египќаните, поради  неговиот политички  аматеризам“, се вели во соопштението на Демир Далип, од иницијативниот одбор за национално единство на Египќаните.

Реакцијата на Далип е резултат на вчерашната спогодба помеѓу политичката партија Сојуз на Египќани, Петрит Хусеин, и кандидатот за градоначалник од СДСМ, Алксандар Петрески, дека ќе соработуваат во вториот круг од локалните избори.

Во дописот од медиумите се вели дека Демир далип се откажал од сопствената кандидатура за градоначалник во интерес на кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Трендафилов – Нанче.

Ohridnews