Демир Далип, претседател на иницијативниот одбор за национално единство на Египќаните преку медиумите упати апел до Египќаните да го поддржат кандидатот за градоначаник Кирил Трендафилов-Нанче.
„Во овие историски мигови за Република Македонија, кога се решаваат крупни политички прашања, го повикувам на разумност мојот народ, Египќаните,храбро, достоинствено и со политичка мудрост да му дадат поддршка на кандидатот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Трендафилов- Нанче, бидејќи сум убеден дека со неговиот избор за татко на Охрид ќе се имплементираат круцијални проекти за намалување на сиромаштијата, но и за елиминирање на дискриминацијата и интегрирање на Египќаните во системот. Мојот народ не смее да заборави дека секогаш ја имал поддршката од страна на ВМРО-ДПМНЕ“, стои во писмениот допис од Демир Далип.
Ohridnews











