Поранешниот министер за информатичко општество и администрација и пратеник од СДСМ Дамјан Манчевски денеска на својот фејсбук профил објави дека донел одлука да се повлече од политиката и да се посвети на својата професија.
Дозволете да Ве информирам дека донесов одлука да се повлечам од политиката и да се посветам повторно на мојата професија. Причината за тоа е дека прифатив ангажман во приватниот сектор, кој е неспоив со било каков политички ангажман. Како резултат на оваа одлука, покрај тоа што се повлеков од сите јавни функции кои ги извршував, поднесов оставка и од функциите потпретседател и член на Централниот одбор на СДСМ, напиша Манчевски.

Таа е лична и само моја. Имав извонредна понуда за следен политички ангажман, за што сум неизмерно благодарен, но сепак се решив на овој чекор. Оваа одлука во исто време е и доста емотивна за мене, напиша Манчевски.
Тој изрази благодарност до неговите сопартијци, другари и сите со кои работел заедно, кои, како што вели, ќе ми обезбедат да имам нормална работа во нормална држава. Изрази благодарност и до претставниците на граѓанскиот сектор, медиумите, меѓународната заедница, синдикатите и стопанските комори. Манчевски во својата објава на Фејсбук изразува голема благодарност и до премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев и до вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.
OhridNews












