Даниел Дамевски е реизбран за претседател на Кошаркарската федерација на Македонија. Тој со акламација стигна до третиот мандат и вети уште подобри времиња за македонската кошарка.


– Имаме причина да бидеме горди на сработеното во изминатиот период. Јасно е дека репрезентациајта е локомотива на се што се случува во македонската кошарка. Горди сме што за осум години успеавме да се вратиме од Б дивизијата, да учествуваме на европските шампионати од А дивизијата и да играме успешно против врвните репрезентации на европската кошарка. Мило ми е и поради фактот дека кошаркарските клубови се етаблираа како модерни спортски колективи, откако фантастично ја претставуваат нашата држава во регионалните натпреварувања. Горди сме на резултатите и во АБА и во БИБЛ-лигата, но исто така и се надеваме дека бројот на екипи што ја претставуваат Македонија во овие натпреварувања да биде уште поголем – истакна Дамевски.

Дамевски по реизбирањето потенцираше дека најголема желба му е да направи дом кој ќе биде сопственост на КФМ.

Мх.П.