Ермира Алиу, Беслинда Незири и Марија Мавчева од тимот Грифиндор, кои ја изработија
играта Mystery Mansion за Windows 8, го освоија првото место на 24 часовниот програмски маратон „Codefest“, што викендов се одржа во Универзитетот за информатички технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид, во организација на студентите Јасна Тренгоска, Александар Митревски и Вилијам Асиама. Победниците ќе ја поделат првата награда во вредност од 1500 долари, што ја
додели спонзорот Telerik, меѓународна софтверска компанија. Настанот уште го помогнаа и Lynda, Сивус Едукативен и Развоен Центар, Pluralsight,
Вегера, и други.
Второто место го освои
тимот Agile – Стевче Радевски и Тони Наковски, со Windows Phone
апликацијата Eventum, а на третото место се пласитра тимот Not Available, со
членовите: Климент Зафировски, Стефан Спирковски, Бојан Станиќ и Славчо
Димитриевски, кои се претставија со веб портал за менаџирање на
финансии.
Организаторите се задоволни од постигнатиот успех на настанот и истовремено позитивно изненадени од постигнатите резултати на натпреварот на кој учествуваа 12 тимови. Тие им честитаат на победниците и истовремено очекуваат нивните апликации да ги видат наскоро на Microsoft пазарите. Истовремено, изразуваат поддршка до волонтерите, нивни колеги и пријатели, кои помогнаа при организацијата на настанот, како и до Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ за огромната поддршка која ја пружи кон организацијата на настанот.
Организаторите се надеваат дека „Codefest“ програмскиот маратон ќе прерасне во традиција на Универзитетот за информатички науки и технологии во Охрид.