
– Изминатиот викенд, бесправно на гробното место е донесен крст од Н.Н. лице.Тоа е сторено од крајно малициозни побуди, поради поголема сензација, а и оцрнување на мојата личност како човек и раководител, но и на партијата чиј кадар сум. Предходно крстот не постоеше. При ископот, гробното место беше без никакви верски обележја, плоча и дека тука е закопано некое лице. Евидентиран е метален ковчег кој е оставен да стои. Воедно, Ве информираме дека ова ЈП приходите ги остварува со продажба на гробни места, и токму затоа ни е должност да знаеме со колку гробни места располагаме. Напоменуваме дека нема фамилија за да има ексхумација, ниту пак такво барање. Нема скренавење на гробот, затоа што нема што да се искрши, нема плоча, крст и сл. При тоа, на граѓанин кој барал информација за тоа место му беше даден одговор дека тоа место е зафатено, потенцира директорката Дамјановска.
Директорката информира и дека службено се обратиле до СВР Охрид за да се заврши овој случај и да не се дезинформира јавноста.
OhridNews











