Со трансфер во францускиот Пари Сент Жермен, а не во анлгискиот премиерлигаш Манчестер Сити заврши сагата околу бразилскиот интернационалец Дани Алвес.

34-годишниот фудбалер по заминувањето од Јувентус беше пред преселба во Манчестер Сити и се чекаше официјална промоција, но очигледно се случило нешто и Дани Алвес заврши во Паркот на Принцовите.

Бразилецот со „светците“ потпиша двогодишен договор и ќе го носи дресот со бројот 32 на грбот.

ПСЖ ќе биде четврти клуб за Дани Алвес во Европа. Претходно десниот бек ги бранеше боите на Севиља, Барселона и Јувентус. 

OhridNews