Даниел Кајмакоски, Суперхикс, Љубојна, Сергеј Четковиќ, Фолтин, се само дел од музичките ѕвезди кои ќе настапат за празниците на градскиот плоштад во Охрид, во рамки на проектот што го реализира локалната самоуправа „Од 20-ти до 20-ти сите во Охрид“. Освен нивниот настап секојдневно на пет сцени низ градот се одржуваат бројни настани со кои се збогатува празничната понуда во градот.
Како што објави локалната самоуправа, на новогодишната вечер, забавата ќе започне во 19 часот. Водител и задолжен за хуморот ќе биде Жанко ЗШ Голабоски. Од 20:30 до 21:00 часот музика ќе пушта диџеј, по што ќе следи настапот на Охрид СуперСтар, ансамблот Билјана Јуиор, Анита Мицова. Свое обраќање ќе има и градоначалникот Јован Стојаноски, а за главната забава што ќе започне во 22.30 часот ќе се погрижи Даниел Кајмаковски.
На 1-ви јануари на сцената на градскиот плоштад ќе настапат Бени и Нон Стоп, на 2-ри јануари групата Суперхикс, на 7-ми јануари Сергеј Четковиќ. Настапот на Љубојна ќе биде на 13-ти јануари, а во музиката на групата Фолтин охриѓани и гостите ќе имаат можност да уживаат на 19-ти јануари.
OhridNews












