Италијанецот Даниеле де Роси одлучи да стави точка на фудбалска кариера и да не продолжи со активното играње, откако ја напушти Рома после две децении.

Де Роси на маса имаше понуди од Фиорентина, Милан и Бока Јуниорс, но фудбалерот реши да прекине и да се збогува со играњето фудбал. Легендата на „волчицата“ Де Роси најверојатно ќе остане во Рома и ќе работи во младинската школа каде што е неговиот татко.

Со завршувањето на кариерата Де Роси влезе во друштво на малкуте фудбалери кои целата фудбалска кариера им ја посветија на еден клуб. Де Роси имаше пример секогаш затоа што Франческо Тоти исто така фудбалскиот век го мина во дресот на Рома.

Де Роси одигра важна улога во италијанската репрезентација која во 2006 година стигна до златниот медал на Мундијалот во Германија, а во тимот на Рома стигнуваше до титули во Купот и Супер купот на Италија.

OhridNews